Фудбалски “земјотрес“ во Турција. Според локалниот новинар Јакуп Џинар, наводно Мохамед Салах постигнал двогодишен договор со Трабзонспор, а официјалната потврда за трансферот треба да следи на 2 август.
Според извештаите, Салах треба да заработува околу 15 милиони евра годишно во Трабзонспор, со дополнителни бонуси.
Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа би бил еден од најголемите трансфери во историјата на турскиот фудбал.
Во последните недели, Салах беше поврзуван со бројни клубови по напуштањето на Ливерпул, а Бешикташ беше споменуван меѓу најсериозните кандидати. Сепак, според истите извори, токму Трабзонспор успеа да го убеди Египќанецот да ја продолжи кариерата на брегот на Црното Море.
Сепак, набргу откако се појави оваа информација, за навивачите на Трабзонспор пристигна студен туш. Претседателот на клубот, Ертугрул Доган, ги негираше наводите за постигнатиот договор со Салах.
Затоа, целата приказна засега мора да се сфати со резерва. Иако Јакуп Џинар е познат по информациите од турскиот фудбал, засега нема официјална потврда од Мохамед Салах, неговите претставници или Трабзонспор.
Во случај трансферот да се реализира, Трабзонспор би го добил еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња и играч кој со години е меѓу најдобрите напаѓачи во светскиотфудбал.