Познато е каде кошаркарите и во кој град ќе играат против Австрија

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија квалификацискиот циклус во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 ќе го започне на 30 август, кога ќе гостува кај Австрија.

Натпреварот ќе се одигра во Виена со почеток од 16:05 часот во „Спорт Арена Виена“ и ќе претставува прв сериозен тест за избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал во битката за првото место во групата „Ф“, во која се наоѓа и селекцијата на Кипар.

Македонија во втората рунда влегува со максимален ефект од првата фаза, откако го освои првото место во својата група со шест победи во исто толку натпревари.

Избраниците на Берокал одиграа сигурен квалификациски циклус и заслужено обезбедија место меѓу 12. селекции кои ќе се борат за четирите места што водат во главните квалификации за ЕП 2029.

Македонија во втората рунда влегува со максимален ефект од првата фаза, откако го освои првото место во својата група со шест победи во исто толку натпревари. Избраниците на Берокал одиграа сигурен квалификациски циклус и заслужено обезбедија место меѓу 12. селекции кои ќе се борат за четирите места што водат во главните квалификации за Европското првенство 2029.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО