Зинедин Зидан официјално е нов селектор на репрезентацијата на Франција.
Француската фудбалска федерација сега ја потврди одлуката, а легендарниот Французин ќе ја преземе селекцијата со која испиша историја како играч.
Зидан на селекторската функција го наследува Дешамп, кој ја водеше Франција цели 14 години.
Во тој период ја освои светската титула во 2018 година, а во 2021 година стигна и до трофејот во Лигата на нации.
Популарниот „Зизу“ е без тренерски ангажман од 2021 година, кога по вторпат го напушти Реал Мадрид, со кој освои бројни трофеи, меѓу кои и три последователни титули во Лигата на шампионите.