Омерагиќ: Ништо не е завршено,има уште еден меч

Азер Омерагиќ, пред реваншот против Рига во Конференциската лига на УЕФА. Напаѓачот на „црвено-црните“ изјави дека поразот од еден гол во Скопје ништо не значи и дека тимот е исправен пред новиот предизвик.

„По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо не е готово затоа што ни следи второ полувреме со ривалот.

Ќе се бориме на терен, ќе играме за дресот и боите на Вардар, сакаме добро европско издание. Ако функционираме добро тактички и без грешки и ако ги следиме советите на тренерот од тренинзите, можеме до позитивен резултат за нас во Рига“, изјави Омерагиќ.

Натпреварот помеѓу Рига и Вардар се игра во вторник од 19:00 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО