На денешната конференција на клубовите од ракометната Супер-лига машка конкуренција беше потврдена промена за системот на натпреварување за сезоната 2027/28 и истата ќе се имплементира во разигрувањето.
Бројот на екипи ќе остане 12, но по одигрувањето на 22-те кола во регуларниот дел, ќе следи поделба на учесниците во три групи.
-Прва група: Ќе играат екипите од 1. до 4. место, практично се тимовите кои се борат за титула
-Втора група: Ќе играат екипите од 5. до 8. место, ова се тимови кои ќе се борат за место во ЕХФ Европскиот Куп
-Трета група: Ќе играат екипите од 9. до 12. место, ова се тимови кои ќе се борат за опстанок.
Како точка за поздрав е што Ракометната федерација на Македонија ќе обезбеди спортска опрема за сите екипи што ќе настапуваат во Првата лига, во машка и женска конкуренција.