Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Роберто Манчини, изрази разочараност што не добил понуда повторно да го преземе националниот тим.
Под нгово воство Италија го освои Европското првенство во 2020 година со 37 натпревари без пораз. Сепак, тимот не успеа да се квалификува за Светското првенство 2022, а Манчини ненадејно ја напушти функцијата за да ја преземе селекцијата на Саудиска Арабија.
Минатата година премина во катарскиот клуб Ал-Сад, каде остана помалку од една година и моментално е без ангажман.
Според „Кориере дела Сера“, Манчини бил подготвен повторно да ја води Италија и очекувал контакт од новото раководство на федерацијата. Откако се дозна дека позицијата речиси сигурно ќе ја преземе Андреа Пирло, Манчини се почувствувал изневерен и реагирал со бес.
Пирло веќе ја прифатил понудата да ја предводи италијанската репрезентација и се очекува во наредните денови да го потпише договорот.