Организаторите на последниот Гренд слем турнир во годината УС опен ја објавија листата на пријавени играчи и на неа се наоѓа името на Карлос Алкараз.
Шпанските медиуми пренесуваат информации дека тенисерот не е подготвен за враќање, а дека не е подготвен ниту за Мастерсот во Синсинати што се игра од 13 до 23. август.
Карлос Алкараз ја брани титулата на УС опен, а турнирот стартува на 30. август и трае до 13. септември.
Тој е надвор од тениските терени од 15.април поради повреда.