Македонскиот тенисер Калин Ивановски со пресврт обезбеди пласман во второто коло на ИТФ турнирот во Олерсбах, Австрија, откако го совлада Русинот Александер Чајка со 2-1 во сетови.
Првиот сет му припадна на Чајка, кој славеше со 9-7 во тај-брејкот.
Вториот сет Ивановски го доби убедливо со 6-2, а во третиот беше подобар со 6-4 за пласман во следната рунда.
Во осминафиналето Ивановски го очекува осмиот носител на турнирот, Словенецот Бор Артнак.