Три нови имиња во редовите на РК Алкалоид за наредната сезона

Официјално од наредната сезона во РК Алкалоид ќе бидат Словенците Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и Црногорецот Вуко Борозан.

Матиц Сухолежник е 31 годишен пивот висок 202 сантиметри и во РК Алкалоид доаѓа од екипата на РД Слован.

Во својата кариера има настапувано и за екипите на РК Целје, Данкерк и Саран од Франција, Бенфика од Португалија и за хрватскиот првак РК Загреб.

Нејц Цехте (33) е десен бек кој минатата сезона ја заврши кај финалистот на Лигата на шампионите, екипата на Фуксе Берлин од Германија.

Претходно има настапувано и за екипите на Кршко и Горење Велење, за германскиот Хановер, данската екипа ГОГ и за РК Еурофарм Пелистер.

Црногорскиот лев бек Вуко Борозан (32) е ракометар кој има настапувано за повеќе екипи од во Европа, Блискиот исток и Македонија. Висок е 203 сантиметри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО