Новиот тренер на Реал Мадрид Жозе Мурињо наводно ги одредил првите двајца фудбалери кои ќе го напуштат „Сантијаго Бернабеу“, пренесува „ОК Диарио“.
Станува збор за дефанзивецот Раул Асенсио и играчот за врска Едуардо Камавинга.
Реал Мадрид е подготвен да се раздели со Раул Асенсио, а тоа може да се случи преку продажба или позајмица.
Наводно, можното заминување на централниот дефанзивец било договорено со Мурињо уште минатиот месец.
Еден од клубовите заинтересирани за Едуардо Камавинга е Манчестер Јунајтед, кој внимателно ја следи ситуацијата околу францускиот репрезентативец.