Манчестер Јунајтед се чини е многу блиску до ангажман и на францускиот репрезентативец Ману Коне.
Според „Л’Екип“, Јунајтед моментално е пред Арсенал во трката за играчот од средниот ред на Рома, кој наводно сонува за преселба во Премиер лигата.
25-годишниот Французин беше клучен играч за Рома во последните две сезони, но по Светското првенство наводно е подготвен да го направи следниот чекор во кариерата.
„Л’Екип“ пишува дека Манчестер Јунајтед го направил Коне еден од апсолутните приоритети на клубот во средниот ред, и дека самиот играч сака да се приклучи во тимот, бидејќи е позитивен во врска со трансферот на „Олд Трафорд“.