На Светското првенство во 2030 година ќе учествуваат 64 репрезентации, потврди претседателот на фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез.
Мундијалот во САД, Канада и Мексико беше првиот на кој учествуваа 48 репрезентации, а не како што беше претходно пракса, на планетарниит собир да играат најдобрите 32 национални тимови.
Проширувањето на 48 репрезентации најверојатно ќе биде само најава за ново зголемување на Светското првенство, па во 2030 година може да учествуваат 64 репрезентации.
Според првиот човек на КОНМЕБОЛ Алехандро Домингез истакна дека реформите треба да бидат спроведени за следниот Мундијал во 2030 година.
Тој потврди дека почетокот на СП 2030 година ќе биде во Уругвај, Аргентина и Парагвај и тоа во чест на 100-годишнината од првиот планетарен собир.
Со зголемување на бројот на учесници на СП 2030 година, Македонија и останатите репрезентации кои никогаш не биле дел од планетарниот собир, сега имаат поголема шанса да се најдат на СП.