Шпанија се искачи и на врвот од светската ранг листа на ФИФА

Освојувањето на светската титула донесе голема промена и на најновата ФИФА ранг-листа откако новиот светски шампион Шпанија е и нов број еден откако ја презеде лидерската позиција од Аргентина.

Шпанија сега е првопласирана со 1.995 бодови, додека актуелниот вицешампион Аргентина падна на второто место со 1.970 бодови.

Франција ја задржа третата позиција, пред Англија која останува четврта на светот.

Бразил се искачи на петтото место и го престигна Мароко кој сега е шести додека Португалија назадување за две позиции и се наоѓа на седмото место.

Во Топ 10 уште се Белгија, Холандија и Мексико.

Македонската репрезентација ја задржа својата позиција на најновото рангирање и останува на 69. место на ФИФА-листата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО