Франција и Англија ги објавија стартните состави за дуелот за бронзениот медал

Франција и Англија ги објавија официјалните стартни единаесетмина за натпреварот за третото место на Светското првенство 2026, во кој двете европски селекции ќе се борат за бронзениот медал.

Францускиот селектор Дидие Дешам одлучи да го предводи нападот со капитенот Килијан Мбапе, а зад него ќе играат Дезире Дуе, Рајан Черки и Мајкл Олисе. Во средниот ред ќе бидат Адриен Рабио и Ворен Заир-Емери, додека последната линија пред голманот Мајк Мењан ја сочинуваат Мало Густо, Ибраима Конате, Максенс Лакроа и Тео Ернандез.

Почетен состав на Франција: 4-2-3-1

Мајк Мењан – Мало Густо, Ибраима Конате, Максенс Лакроа, Тео Ернандез – Адриен Рабио, Ворен Заир-Емери – Мајкл Олисе, Рајан Черки, Дезире Дуе – Килијан Мбапе.

Од другата страна, англискиот селектор му ја довери напаѓачката улога на Иван Тони, со силна поддршка од Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Морган Роџерс. Во средината ќе играат Деклан Рајс и Еберечи Езе, а во одбраната се Џарел Кванса, Марк Гуеи, Езри Конса и Џед Спенс, пред голманот Дин Хендерсон.

Почетен состав на Англија: 4-1-2-3

Дин Хендерсон – Џарел Кванса, Марк Гуеи, Езри Конса, Џед Спенс – Деклан Рајс – Еберечи Езе, Морган Роџерс – Букајо Сака, Маркус Рашфорд, Иван Тони.

На клупата за резерви кај Англија се наоѓаат и неколку големи ѕвезди, меѓу кои Џуд Белингам, Хари Кејн, Џон Стоунс, Џордан Пикфорд и Оли Воткинс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО