Работнички и Јанта Волеј ги добија своите ривали во Челинџ Купот

Двата македонски претставници во одбојка во Челинџ Купот ги добија своите противници во првата рунда од новата сезона.

Шампионот Работнички на почетокот на новата европска сезона ќе ги измери силите со грчки Закон Кифисиа, додека Јанта Волеј за противник ја има чешка Прага.

Натпреварите се играат во термините 27-29 октомври, односно 3-5 ноември.

Јанта Волеј првиот меч го игра на домашен терен, додека Работнички кој како шампион во ждрепката беше носител, реваншот ќе го игра пред својата публика.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО