Еден од најталентираните млади дефанзивци во Европа, Лука Вушковиќ, е на прагот на спектакуларен трансфер во Премиер лигата.
Според информациите на германскиот новинар Флоријан Плетенберг, 19-годишниот хрватски репрезентативец кога ќе ги ќе помине лекарските прегледи ќе потпише петгодишен договор со Брајтон.
Англискиот клуб ќе плати дури 53 милиони евра за неговите услуги, со дополнителни пет милиони преку бонуси, додека Тотенхем ќе задржи 20 проценти од следниот трансфер на хрватскиот стопер.
Со овој договор, лондонскиот клуб ќе оствари огромен профит. Вушковиќ пристигна во Тотенхем од Хајдук за рекордни 11 милиони евра, но и покрај големите очекувања, никогаш не дебитираше за првиот тим.
Наместо тоа, претходните три сезони ги помина на позајмица, а најдобро се покажа во Хамбург, каде што минатата сезона израсна во еден од најперспективните млади стопери во германскиот фудбал.
Неговите одлични настапи го привлекоа вниманието на голем број европски гиганти, но Брајтон беше најупорен во намерата да го доведе.
Хајдук, исто така, ќе има корист од овој трансфер. Благодарение на механизмот за солидарност на ФИФА, клубот од Сплит ќе добие приближно 870.000 евра, што претставува дополнителен финансиски поттик за клубот каде што Вушковиќ ги направи своите први големи чекори во сениорскиот фудбал.
Доколку трансферот се заврши како што е најавено, Вушковиќ ќе стане едно од најскапите засилувања во историјата на Брајтон.