Кејн: Во полуфинале сме, а сѐ уште не сме го одиграле нашиот најдобар фудбал

Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн изјави дека Англија стигнала до полуфиналето на СП иако сè уште не го одиграла својот најдобар фудбал.

” Беше прилично израмнет натпревар кога станува збор за поседот на топката и шансите, но кога имате некој како Џуд Белингам, кој може да го промени текот на натпреварот како што повторно го направи денес, тоа е огромен фактор. Срцето и желбата на оваа екипа нè одведоа до победата“, изјави Кејн за „Би-Би-Си“ по натпреварот.

” За да освоите трофеј и да стигнете далеку на еден турнир, потребни ви се фудбалери кои решаваат натпревари. Потребни ви се играчи подготвени да го дадат и последниот атом од силата и со своите потези да го одведат тимот до целта. Џуд го направи токму тоа за нас“, додаде капитенот.

На Кејн во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме му беше поништен гол поради офсајд.

„Мислам дека офсајдот беше навистина минимален. Во тој момент тоа ме налути. Исто така, мислам дека требаше да добиеме пенал, кој лесно можеше да биде досуден. Но, на крајот тоа не е важно. Во полуфиналето сме и само тоа се смета“, изјави тој.

Англија во полуфиналето в среда од 21 часот во Атланта ќе игра против бранителот на титулата Аргентина.

” Гледав како тренираме и го видов квалитетот што го поседуваме, особено во последната третина од теренот. Сè уште не успеавме целосно да го покажеме тоа. Сепак, во полуфиналето сме на Светското првенство, а сè уште не сме го одиграле нашиот најдобар фудбал.

Ако успееме да го покажеме тоа в среда, би можело да ја направи разликата меѓу освојување на турнирот и пораз. Сега ќе уживаме во победата, ќе се опоравиме, а за неколку дена ќе ги започнеме подготовките за новиот натпревар“, заклучи Кејн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО