Макс Алегри го презеде Наполи

Масимилијано Алегри официјално е назначен за нов тренер на Наполи, откако спогодбено се раздели со Милан, со што беа отстранети последните пречки за неговото доаѓање на клупата на актуелниот вицешампион на Италија.

Наполи објави дека потпиша договор со 58-годишниот стручњак до 30 јуни 2029 година.

Алегри го наследи Антонио Конте на клупата на Наполи, кој го напушти клубот по две сезони, во кои го освои италијанското првенство и италијанскиот Суперкуп.

Искусниот тренер постигна договор со Милан за меѓусебен раскин на соработката повеќе од еден месец откако беше отпуштен. Преговорите меѓу двете страни траеја подолго од очекуваното поради промени во раководството на клубот од „Сан Сиро“.

Според медиумите во Италија, Аллегри ќе заработува 4.500.000 евра по сезона.

Алегри го презеде Милан минатото лето, но беше заменет на крајот од сезоната, откако тимот не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите. Во исто време, спортскиот директор Игли Таре, техничкиот директор Џефри Монката и извршниот директор Џорџо Фурлани го напуштија клубот.

За време на тренерската кариера, Алегри ги предводеше Аљанезе, Сасуоло, Каљари, Милан и Јувентус. Со Сасуоло освои историски пласман во Серија Б, додека со Милан ја освои титулата шампион на Италија и Суперкупот.

Најголемиот успех го постигна на клупата на Јувентус, со кој освои пет последователни шампионски титули, четири последователни трофеи во Купот на Италија и два италијански Суперкупа, со два пласмани во финалето на Лигата на шампионите. Откако се врати во клубот од Торино, тој го освои и Купот на Италија во 2024 година.

Foto:Epa

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО