Бизарен црвен картон на СП – Прв пат во историјата применето новото правило

Парагвајскиот фудбалер Мигел Алмирон беше првата жртва на новото правило на ФИФА. Правилото е наречено „Лекс Винисиус“ или „Законот на Винисиус“.

Алмирон заработи директен црвен картон на натпреварот против Турција.

Судијата Бартон од Ел Салвадор му го покажа патот до соблекувалната, по консултацијата со ВАР, бидејќи си ја покри устата додека разговараше со Мерт Мулдур.

Ова е ново правило кое најстрого ги казнува овие ситуации поради некои претходни проблеми со играчите.

Тие често се навредуваа вербално, па ФИФА одлучи да им застане на патот.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО