Јапонската фудбалска репрезентација освои голем бод против Холандија играјќи 2:2 во натпревар полн со пресврти, но по натпреварот, главна тема стана необичниот потег на тренерот Хаџиме Моријасу.
Додека неговиот тим се бореше да дојде до резултатско изедначување, јапонскиот стручњак реши да им испрати порака на играчите на необичен начин.
Во последните минути од натпреварот, Моријасу и членовите на тренерскиот штаб држеа бела табла со броеви, покажувајќи им на играчите колку време останува до крајот на натпреварот.
Прво ги покажаа броевите четири и пет, а потоа почнаа да одбројуваат додека натпреварот се ближеше кон крајот.
Необичниот метод предизвика насмевки на трибините и на социјалните мрежи, но набрзо имаше совршен епилог.
EL MÉTODO MORIYASU 🇯🇵📋
En el marco del estreno mundialista en Dallas que terminó 2-2 ante Países Bajos, el entrenador de Japón realizó indicaciones con una pizarra. pic.twitter.com/HoJegKwy3n
— TyC Sports (@TyCSports) June 14, 2026
Имено, Јапонија израмни во 89-тата минута, кога Даичи Камада ја затресе мрежата за конечни 2:2.
По натпреварот, многумина оценија дека пораката за итноста на ситуацијата дополнително ги мотивираше јапонските фудбалери да веруваат во позитивен резултат до последен момент.