Ол Ингланд Клубот го објави наградниот фонд за 2026 година – рекордни 64,2 милиони фунти, што е зголемување од 20 проценти во однос на минатата година.
Вкупниот фонд е поголем за 10,7 милиони фунти отколку во 2025 година, а од Ол Ингланд Клубот истакнува дека тоа е убедливо најголемото годишно зголемување во историјата на турнирот. Шампионите и второпласираните во машка и женска конкуренција ќе заработат 3,6 милиони и 1,8 милиони фунти, соодветно.
Наградата за освојување на титулата е зголемена за 20 проценти, додека износот наменет за финалистите е зголемен за 18 проценти.
Особено се зголемија заработките за тенисерите кои беа елиминирани во првото коло.
Тие ќе добијат по 80.000 фунти, што е зголемување од 21 процент во однос на минатата година. Значително зголемување е забележано и кај квалификациите, за кои се издвоени вкупно 6,2 милиони фунти, односно 25 проценти повеќе отколку во 2025 година