Реал Мадрид би можел да донесе големо засилување за следната натпреварувачка сезона, најновите информации велат дека шпанскиот фудбалски клуб е во многу напредни преговори да го ангажира 31-годишниот играч од средниот ред, Бернардо Силва.
Откако Бернардо Силва објави дека го напушта Манчестер сити на крајот од сезоната, веднаш еден од најдобрите играчи за врска почна да се поврзува со можен трансфер во нов голем европски клуб.
Барселона брзо се вклучи во трката за неговиот потпис, а сега, како гром од ведро небо, пристигна информација од Шпанија – Реал е прв фаворит за ангажирање на искусниот играч за врска.
Реномираниот „Ас“ дозна дека новиот тренер на екипата, Жозе Мурињо, доставил список на желби за летниот преоден рок до раководството на клубот и дека името на поранешниот фудбалер на Монако и Манчестер сити е на самиот врв на таа листа.