Шевченко: Ќе се обидеме да освоиме едно од првите три места

Македонската Дејвис куп репрезентација од среда до сабота ја очекуваат мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот.

Според новиот формат на натпреварување по поразот од Кипар на почетокот од годината нашите тенисери имаат нова шанса за пласман во Втората Светска група, а на натпреварувањето во Кишињев,

Молдавија ќе настапат осум репрезентации кои ќе бидат поделени во две групи по четири.

– Со исклучок на Република Ирска, другите ривали ги знаеме. Ирска ни е непозната и не сме играле против нив. Пет-шест репрезентации се со солиден квалитет, и секој секого може да победи. Ние ќе настапиме засилени. Калин Ивановски се врати по повредите кои го мачеа околу една година. Во составот е и Амар Хусеиновиќ, како и Кристијан Јанев. Тука ќе биде и нашиот нов тенисер Олег Приходко, кој одлучи да игра за нас.

Негова желба беше да дојде и ние го прифативме тоа. Тој пред неколку месеци освои Челинџер турнир (Цесенатико, Италија) и има ранг меѓу 300-400 место. Имаме репрезентација од која очекувам добро да не претстави на одлично ниво со квалитетен настап. Имаме тимски дух, за мене една од најважните работи. Ќе се обидеме да бидеме во една од првите три репрезентации и како и минатата година кога ова натпреварување беше во Македонија да успееме и да се вратиме и оваа година во Втората група, изјави селекторот Горан Шевченко.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО