Белгија го декласира Тунис пред заминување на Мундијалот

Белгија дефинитивно ја покажа својата сила и квалитет на само неколку дена пред стартот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, откако на домашен терен денеска со високи 5:0 го совлада Тунис, кој исто така е на пат за Америка.

Во изведба во која тотално доминираа белгијците поведоа во 28. минута преку Тросард, а потоа во вториот дел се изредија во листата на стрелвите и Де Кетеларе, Де Брујне, Лукебакио и Раскин.

Белгијците на Мундијалот се во група со Египет, Иран и Нов Зеланд. Тунис пак ќе мора бргу да се опорави од овој дебакл, затоа што за неколку дена го очекуваат дуели со Шведска, Јапонија и Холандија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО