Најдобриот Австриец ќе го пропушти СП

Австрија претрпе сериозен удар пред Светското првенство. Кристоф Баумгартнер, 26-годишниот напаѓач на РБ Лајпциг, нема да игра на турнирот, кој се игра во САД, Канада и Мексико.

Баумгартнер се повреди вчера, за време на загревањето пред пријателскиот натпревар против Тунис, а дополнителните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за сериозна повреда што ќе го спречи да игра на Светското првенство.

Ова е тежок удар за австриската фудбалска репрезентација. Баумгартнер беше еден од најдобрите играчи на Лајпциг минатата сезона. Тој постигна 17 гола и имаше 9 асистенции во Бундеслигата.

Австрија е сместена во групата Ј со Аргентина, Јордан и Алжир.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО