Дугари за Арсенал во финалето на ЛШ: Група кловнови

Фудбалерите на Арсенал, во саботата, не успеаја да ја освојат титулата во Лигата на шампионите. „Топџиите“ стекнаа предност по само шест минути игра, ПСЖ изедначи од пенал во 65-та минута, а потоа го одбрани трофејот во пенал рулетот.

На крајот, од Арсенал ќе се памети само ултра дефанзивната, поради што и трпат жестоки критики од сите страни.

Кристоф Дугари се уште не може да верува на кој начин новиот шампион на Англија играше во регуларните 90 минути и во продолженијата.

„Нивните намери беа јасни од самиот почеток на натпреварот… Ништо, нула, воопшто не направија ништо. Во ниту еден момент не излегоа на теренот со идеја да создадат нешто. Гледавме како топката се турка и како тимот на Арсенал се обидува да украде време. Беше едноставно негледливо, неподносливо…

Она што би било ужасно за фудбалот и луѓето што го сакаат е што речиси создадоа илузија дека Лигата на шампионите може да се освои со толку малку труд и работа. Поголемиот број од нивните натпревари се играа вака. Тие се група кловнови“, рече Дугари.

Освојувачот на титулата светски шампион, во дресот на француската репрезентација, не дозволи да биде запрен во интервју за радиото „RMC“.

„Дојдоа со премногу самодоверба, а Артета најави дека ќе победат. Многу ми е мило што загубија и се надевам дека ако еден ден сакаат да ја освојат европската титула, ќе почнат да играат фудбал. Затоа што тоа не е Арсенал. Тој клуб има историја, има наследство, одреден стил на игра…

Дури и да успеаја да ја освојат Лигата на шампионите, тоа ќе беше скандал. Би им оставил горчлив вкус во устата. Кога играте така и губите, се каете за тоа до крајот на животот. Ако се обидат да играат и изгубат, нема да имаат за што да се каат“.

Foto: EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО