Почина легендарниот кошаркарски тренер Рик Аделман

На 80. годишна возраст почина легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман. Тој беше поранешен НБА кошаркар и член на Куќата на славните.

Аделман е еден од десетте тренери со најмногу победи, а вкупно има 1.042 победи. Само четири тренери имаат подобар процент на победи од него, а тоа се: Пет Рајли, Грег Попович, Џери Слоун и Џорџ Карл.

Аделман во два наврати беше дел од НБА финалето со Портланд.

Неговиот син Дејвид сега е тренер на Денвер Нагетс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО