Суперкомпјутерот одреди која репрезентација има најмногу шанси да биде светски првак

Супер компјутерот на компанијата „Опта“ ја објави прогнозата за исходот на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Канада, САД и Мексико. По 10.000 спроведени симулации, најголем фаворит за освојување на светската титула е Шпанија, додека Хрватска се наоѓа на 15. место.

Шпанија е прв фаворит, следат Франција и Англијa.

Според пресметките на „Опта“, Шпанците имаат 16,1 процент шанси да ја освојат титулата, со што се пред Франција со 13 проценти, Англија со 11,2 проценти и актуелниот светски шампион Аргентина, на која суперкомпјутерот ѝ дава 10,4 проценти шанси. Овие четири репрезентации се издвојуваат како главни кандидати за првото место.

Селекцијата на Хрватска се наоѓа на 15. позиција.

Суперкомпјутерот ѝ дава 18,6 проценти шанси за пласман во четвртфиналето, 9,1 процент за полуфинале и 3,9 проценти за место во финалето. Веројатноста Хрватска да ја освои титулата е проценета на 1,6 проценти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО