Информацијата која изминатите денови циркулираше во јавноста, доби официјална потврда, Ибрахима Конате го напушта Ливерпул.
И покрај разните шпекулации, Французинот го напушта „Енфилд“ како слободен играч, откако му истече договорот. Тој сакаше да остане, но раководството на клубот очигледно сакаше нешто друго. Врз одлуката влијание имаше и лошата сезона што ја одигра францускиот дефанзивец.
Ова е четврто потврдено заминување од клубот по Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон.
Исто така, во саботата отказ доби и тренерот Арне Слот.
Конате се збогува со клубот со објава на социјалните мрежи. Неговиот следен клуб засега не е познат.
Foto:EPA