Ленс прв пат во историјата го освои Купот на Франција

Фудбалерите на Ленс го освоија Купот на Франција откако го победија тимот на Ница во финалето во Париз. Натпреварот на стадионот „Стад де Франс“, во Сен Дени заврши со резултат 3:1.

Ленс прв пат во историјата го освои во националниот куп, претходно три пати губеа во финалниот меч (1948, 1975 и 1998).

Головите ги постигнаа Флоријан Тован во 25-та, Одсон Едуар во 42-та и Абдала Сима во 78-та минута за Ланс, Џибрил Кулибали во 45+3. минута за Ница.

Фудбалерите на Ленс, вицешампиони на Франција, ја оправдаа својата улога на фаворити и ја завршија сезоната на најубав начин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО