Влаховиќ и Локатели казнети со по 40.000 евра од страна на Јувентус

Откако во изминатото коло тимот на Јувентус загуби од Фиорентина со 0:2, нештата во Торино се ислучително проблематични. Местото на тимот во Лигата на Шампионите е под голем знак прашалник, и виновници секако дека ќе има.

Душан Влаховиќ и Мануел Локатели се казнети со по 40.000 евра од страна на клубот, затоа што на мечот со Фиорентина имале вербална расправија на терен која воопшто не изгледала убаво.

Напротив, само ја потврдува лошата атмосфера во тимот, која што се рефлектира во поедини примери како овој.

Според Гасета Дело Спорт, во Јуве размислуваат и за поригорозни казни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО