Загина израелски кошаркарски репрезентативец

Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот во близина на израелскиот град Сафед, животот го загуби израелскиот кошаркар Раз Адам (26).

Како што објавија локалните медиуми, дошло до директен судир помеѓу возилото управувано од кошаркарот и друг автомобил, чиј возач (39) поминал со полесни повреди.

Ова е човек кој, заедно со Дани Авдија, беше златното момче на јуниорските категории на Израел, освои два златни медали на Европското првенство за играчи под 20 години, но не направи кариера како неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата.

Сепак, тој играше за сениорската репрезентација на Израел во квалификациите за Евробаскетот 2025, а играше и во квалификациите за Мундобаскетот 2027.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО