Ливерпул се уште размислува да го отпушти Арне Слот. Како што пишува „Фут Меркато“, „црвените“ деновиве сериозно се растрчани околу шпанскиот тренер Андони Ираола.
Холандскиот стратег Слот е на чекор до добивање отказ. Спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, го разгледуваше Чаби Алонсо, но Баскиецот го презеде Челзи. Сега, Хјуз покажува интерес за Андони Ираола, кој го напушта Борнмут на крајот од сезоната. Хјуз работеше во Борнмут и лично го донесе Ираола во клубот.
Во исто време, Андони веќе е во контакт и со Кристал Палас.