Мануел Нојер се враќа во репрезентацијата за СП во фудбал

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го повика 40-годишниот Мануел Нојер во составот од 26 играчи за Светското првенство што ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Нојер треба да биде голман број еден на репрезентацијата. „Да, така планирам“, нагласи 38-годишниот селектор при претставувањето на тимот за Мундијалот, одговарајќи на новинарско прашање.

„Секој знае каква аура има Ману. Планираме да биде број еден. Одлуката е донесена и, според мене, е вистинска.“

Во подготовките за завршницата, германскиот тим ќе одигра уште еден натпревар дома, на 31 мај во Мајнц против Финска, како и контролен меч на 6 јуни во Чикаго против САД. Во групата Е на Светското првенство, Германија ќе се соочи со Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО