Сагата околу Мурињо и Реал продолжува. Според шпанските медиуми, Флорентино Перез и актуелното раководство на Реал веруваат дека Мурињо е единствениот тренер кој може да го смири хаосот во соблекувалната и да ја врати контролата врз тимот, кој е сериозно потресен од внатрешни конфликти во последните месеци.
Португалскиот стручњак наводно постигнал конечен договор со мадридскиот гигант во четвртокот, а неговата официјална промоција се очекува следната недела.
Како што објавија португалските медиуми, Мурињо ги информирал челниците на Бенфика во последните разговори дека не планира да остане во Лисабон, и покрај обидите на претседателот Руи Кошта да го убеди да ја промени својата одлука.
Бенфика треба да заработи околу седум милиони евра од неговото заминување како обештетување, додека Марко Силва се споменува како главен кандидат за нов тренер на португалскиот клуб.
Враќањето на Мурињо во Мадрид е една од главните теми во шпанските спортски медиуми со денови, а дополнително беше поттикнато од информацијата дека Перез се сретнал со менаџерот на Мурињо неколку пати во претходните недели.
Иако некои извори тврдат дека Португалецот не е меѓу сериозните кандидати поради барањата што ги поставил, луѓето од врвот на клубот наводно веруваат дека тој е единствената личност со доволно авторитет да воспостави ред во соблекувалната.
Според шпанските медиуми, ситуацијата во тимот станала исклучително напната во периодот кога тренер бил Чаби Алонсо. Наводно, дел од играчите ја изгубиле довербата во шпанскиот стручњак, а проблемите продолжиле да растат дури и по неговото заминување.
Според тие информации, тензиите го достигнале својот врв по конфликтот меѓу Чуамени и Валверде, што дополнително покажало колку е нарушена атмосферата во тимот.
Незадоволството се прошири и меѓу навивачите, кои отворено да го критикуваат Килијан Мбапе. Многумина веруваат дека францускиот напаѓач има премногу влијание врз настаните во клубот, поради што покрената и петиција со која се бара негово заминување од Реал.
Според тврдењата на шпанските медиуми, таа иницијатива собрала дури 30 милиони потписи за многу кратко време.
Foto:EPA