Викендов ќе стартуваат возбудувањата во финалната и серијата за третото место во Суперлигата на Македонија.
Серијата стартува веќе викендов в недела, па ќе се игра на 20 и 23 мај. Доколку биде потребно, четвртиот и петтиот меч се на програмата на 27 и 30 овој месец.
Распоред на натпреварите во финалето:
МЗТ Скопје – Маџари (прв натпревар, 17 мај)
МЗТ Скопје – Маџари (втор натпревар, 20 мај)
Маџари – МЗТ Скопје (трет натпревар, 23 мај)
Маџари – МЗТ Скопје (четврт натпревар, 27 мај)
МЗТ Скопје – Маџари (петти натпревар, 30 мај)
Серијата за третото место меѓу Пелистер и ТФТ започнува ден подоцна.