Валенсија за прв фајнл-фор на Шпанците во кошаркарската Евролига

Кошаркарска Европа доби нов дебитант во самата завршница на елитата. Во „мајсторката“ која одлучуваше за сè, Валенсија покажа заби и целосно го надигра Панатинаикос со убедливи 81-64, со што ја доби четвртфиналната серија со 3-2.

Шпанскиот тим не само што обезбеди билет за својот прв Фајнал-фор, туку го направи тоа на доминантен начин, нанесувајќи му тежок пораз на атинскиот гигант.

Бранку Бадио беше најефикасен кај победникот со 20 поени, но вистинското олицетворение на карактерот на оваа Валенсија беше Бракстон Кит. Иако играше со скршен нос, Кит не штедеше сили и запиша 12 поени и 6 скока.

Одличен настап имаше и Џин Монтеро со 12 поени, 3 асистенции и 3 блокади, додека Кам Тејлор заврши со 9 поени, 5 асистенции и 7 скока. Кај Панатинаикос, најрасположен беше Најџел Хејс-Дејвис со 15 поени, додека Џериан Грант подели 10 асистенции

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО