Роберт Левандовски се сели во Саудиска Арабија?

По четири сезони поминати во Барселона, каде неодамна ја прослави својата 29-та титула во Ла Лига, Роберт Левандовски се подготвува за разделба со каталонскиот гигант.

Иако физички се чувствува подготвен за натпреварувачки фудбал, раководството на каталонскиот клуб одлучи да не го продолжи договорот кој истекува на крајот на јуни 2026 година.

Оваа одлука е во согласност со стратегијата на клубот за подмладување на тимот, имајќи предвид дека Левандовски во август ќе наполни 38 години.

Неговото заминување означува крај на една импресивна европска кариера во која настапуваше за гиганти како Бајерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ја завршува својата етапа во Барселона по истекот на договорот ова лето.

И покрај интересот од европски клубови и МЛС-лигата, 37-годишниот фудбалер е пред потпис со саудискиот Ал-Хилал, каде се очекува да заработува 90 милиони евра годишно, што го вбројува меѓу најплатените играчи во светот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО