(Видео) Роналдо во шок – Автогол на голманот во 98-та минута му ја одложи прославата на титулата

Кристијано Роналдо беше целосно скршен откако бизарниот автогол во 98-та минута ја одложи прославата на титулата на Ал-Наср. Сè се случи синоќа, а драматичниот исход го следеа од трибините неговата свршеница Џорџина Родригез и семејството. Тие дојдоа на стадионот да ја прослават титулата, а на крајот беа шокирани.

Делуваше дека Ал-Наср дека ќе ја обезбеди титулата, прва во ерата на Роналдо во клубот, откако голот на Мохамед Симакан во првото полувреме им донесе водство од 1-0 против директните ривали за титулата, Ал-Хилал.

Тој гол се чинеше дека ќе биде победнички и шампионски, бидејќи тимот на Жорге Жесус ќе стекне предност од осум бода, на две кола до крајот на сезоната.

Роналдо беше заменет седум минути пред крајот на натпреварот.

Но, катастрофата се случи во осмата минута од судиското продолжение. По долгото додавање во шеснаесетникот, голманот на Ал-Наср истрча да ја исчисти топката, но се судри со соиграчот Иниго Мартинез и несмасно ја префрли топката преку својата глава во мрежата.


По завршувањето на натпреварот, камерите се фокусираа на Кристијано Роналдо, кој седеше сам на клупата. 41-годишникот изгледаше разочаран и на работ на солзи.

И покрај драматичниот нерешен резултат, Ал-Наср е сè уште јасен фаворит за освојување на титулата. Екипата на Роналдо е пет бода пред Ал-Хилал, иако нивните ривали имаат уште два натпревари до крајот, а Ал-Наср само еден. Доколку Ал-Наср, кој исто така има подобра гол-разлика од пет гола, го победи 15-от тим на табелата Дамак дома следната среда, ќе ја освои титулата во лигата за прв пат од 2019 година.

Откако се приклучи на клубот во ноември 2022 година, Роналдо постигна импресивни 127 гола на 146 натпревари, но единствениот трофеј што го освои на Блискиот Исток е Купот на арапските шампиони во 2023 година. Ал-Наср заврши на второто, второто и третото место во првенството во претходните три сезони на Роналдо.

Иако Португалецот има уште една одлична сезона со 26 гола, малку е веројатно дека ќе ја освои Златната копачка бидејќи Ајван Тони (31) од Ал-Ахли и Жулијан Кинонес (29) од Ал-Кадсија се пред него. Меѓу познатите соиграчи на Роналдо во Ал-Наср се Марсело Брозовиќ, Садио Мане, Кингсли Коман, Жоао Феликс и Иниго Мартинез.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО