Мурињо: Не сум имал преговори со Реал Мадрид

Како што е познато веќе неколку дена, Мурињо е избраниот наследник на Алваро Арбелоа, кој не ги оправдал очекувањата откако зимава го наследи Чаби Алонсо.

Сепак, Мурињо ги негираше сите разговори со својот поранешен клуб.

„Не сум разговарал со никого од Реал Мадрид. Ниту ме контактирал претседателот, ниту некој член од управата, а во овој момент не би ни преговарал. До последниот натпревар од сезоната сум целосно фокусиран на мојата работа, а потоа ќе имам една недела да разговарам со кого било што ќе посакам“, изјави Мурињо.

Португалецот беше тренер на Реал Мадрид во периодот од 2010 до 2013 година и со клубот ги освои Купот на кралот, Ла Лига и шпанскиот Суперкуп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО