Кузмановски: Ние имаме јасна цел

Пред двомечот со Словачка првиот собир на своите очекувања ги сподели капитенот Филип Кузмановски.

-Сакам да кажам дека голем дел од играчите се во добра форма, а најважно е дека сите сме здрави. Мора да сме максимално подготвени за двомечот со Словачка, не смее да се потцени ниту еден ривал. Секогаш се можни изненадувања, ама Македонија има јасна цел. Имаме кратко време за да се подготвиме, но сакаме да извојуваме две победи и да го докажеме квалитетот. Историјата покажува колку големи собири имаме во низа, па оваа генерација заслужува уште еден пласман на СП. Ќе го дадеме максимумот на гостински терен, па очекувам полна сала во Скопје. Како секогаш кога играме дома, поддршката е огромна, а мислам дека и заслужена со нашите настапи. Со нетрпение ги очекувам дуелите и уште еднаш Македонија да игра на едно големо натпреварување.

Не сме многу добро запознати со противникот, ќе имаме време да ги анализираме. Неколку играчи ги познавам. Веројатно беше изненадување тоа што ја елиминираа Украина која видовме дека е квалитетна на нашиот тест. Нема потценување, мора фокус сите шеесет минути и со ладни глави да ја израдуваме Македонија, изјави Кузмановски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО