Чупиќ: Верувавме во чудо, за жал не се случи

Иван Чупиќ не го криеше разочарувањето откако Вардар не успеа да стигне до билет за Ф4 во ЕХФ Европската лига, откако „црвено-црните“ славеа над Монпелје, но недоволно за да се надополнат оние „минус десет“ од првиот натпревар во Франција.

Стратегот на „вардарци“ мора да биде задоволен од покажаниот карактер на својот тим

„Им честитам на ракометарите на Монпелје за пласманот на Ф4 бидејќи заслужено се пласираа таму. Одигравме одлично на денешниот меч, но не чинеше тој слаб натпревар во Франција.

Верувавме во чудо, но за жал тоа на крајот не се случи. Ова е лекција за сите нас од која многу научивме за следната сезона во Лигата на шампионите“, истакна Чупиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО