Мартин Карапалевски е третото засилување на ГРК Охрид

Македонскиот ракометен репрезентативец, Мартин Карапалевски, потпиша со ГРК Охрид до 2028.

Игра на позицијата среден бек, има 26 години (178 cm.

Доаѓа од шпанското првенство и одличните настапи за тимот на Ваљадолид по 2 сезони, а пред тоа го носеше дресот на РК Вардар 1961.

– Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот. – изјави Карапалевски.

Мартин Карапалевски е третото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО