Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ја започне својата 860 недела како еден од првите пет тенисери на АТП листата на 20 април 2026 година, и така ќе го урне и рекордот што претходно го држеше Рожер Федерер.
Познатиот швајцарски играч помина дури 859 недели во светскиот врв во текот на својата богата кариера.
Швајцарецот ќе има само уште 10 дена да го држи тој рекорд. Србинот наскоро ќе го надмине, со што ќе направи историја на уште еден начин.
Досега, Ѓоковиќ го држи рекордот по бројот на недели поминати на врвот на листата, бројот на недели на првите две, првите три и првите четири позиции. Сега ќе им се придружи и петти голем рекорд кога станува збор за АТП листата.
Откако Ѓоковиќ ќе го надмине Федерер по бројот на недели на првите пет позиции, легендарниот швајцарски играч ќе има само уште еден рекорд во оваа група. Федерер моментално го држи рекордот по број на недели поминати меѓу првите 10 тенисери на планетата, што е следната цел за најдобриот на сите времиња – и се чини многу реално дека Ѓоковиќ ќе го надмине во блиска иднина.
Федерер има 968 недели на АТП листата меѓу првите 10 тенисери, а Ѓоковиќ моментално е втор по тој параметар, со 937 недели и можност да го зголеми својот резултат.