Гакидова: Многу сме среќни што ќе играме на ЕП

Благодарение на подобрата гол-разлика и високите порази на директните конкуренти од другите квалификациски групи, Македонија го обезбеди своето осмо, трето по ред, учество на европските првенства.

Пивотот на нашата селекција, Ивана Гакидова беше меѓу поефикасните на мечот во Велење постигнувајќи три голови.

– Искрено, игравме навистина лошо во овој натпревар и не бевме фокусирани на она што требаше да го направиме. Но, без разлика на сè, најважно е што одиме на Европското првенство и многу сме среќни поради тоа. Се надевам дека ќе можеме да поправиме сè пред тоа. Навистина сум среќна и горда на мојот тим – се зборовите на Гакидова за официјалниот сајт на ЕХФ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО