По триумфот од 6-3 во дуелот против Турција, футсал репрезентацијата на Македонија обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство.
Македонските репрезентативци одлично го отворија натпреварот и на половина од првото полувреме имаа предност од 3-0.
Во последното коло противник ни е домаќинот на турнирот Литванија и за освојување на првото место потребен ни е најмалку нерешен резултат. Натпреварот се игра в недела со почеток во 16 часот.