Македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер со убедлива победа кај Тиквеш (43-24) ги отвори настапите во плеј-офот во машката ракометна Супер Лига.
Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со шест гола, а Рудолв Хакбарт, Филип Кузмановски и Петар и Павле Атанасијевиќ имаа по пет гола. Кај Тиквеш, Богдан Мијушковиќ даде шест, а Томче Стојановски погоди пет пати. Во следното коло Еурофарм Пелистер го очекува дерби-дуел против Вардар 1961 во Битола, додека Тиквеш ќе бара бодови повторно на домашен терен, со Бутел Скопје.
Суперлигашите ги чека кратка пауза од лигашките натпревари, затоа што следат дуелите во Купот на Македонија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: