Итан Хап покажа дека ќе биде и тоа како големо засилување за постоечкиот ростер на македонската кошаркарска репрезентација и новиот селектоот, Жозеп Марија Берокал.
„Игравме силно, тренерот направи одлична работа со подготовките цела недела, асистентите исто така, но најважно е што ние ги исполнивме целите. Секој поен е важен, но најважно е што победивме. Луксембург е добар тим, а ние имаме нов селектор и сè уште се обидуваме да се вклопиме на неговата филозофија, а имавме само четири заеднички денови за подготовките.
Имавме големи падови, а за да се победат поголеми репрезентации, мора да играме на исто ниво 40 минути. Овој тим има голем талент, Андреј Јакимовски не беше тука минатиот пат кога играв, неговото присуство е од големо значење и навистина е значаен дел од овој тим“-рече Хап по триумфот над нашиот конкурент во групата „А“ од претквалификациите за Евробаскетот 2029.
Кошаркарите кои имаат скор 3-0 за три дена гостуваат кај Азербејџан, а овој прозорец ќе се заврши со домашен дуел против Ирска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: