Првото дерби од плеј офот од Супер лигата се игра попладнево во Автокоманда, каде Алкалоид е во улога на домаќин на лидерот Вардар. Овие две екипи играа и претходниот викенд во последното коло од регуларниот дел, а новиот распоред сакаше со нов натпревар да го стартуваат и плеј офот. За играчите на Кирил Лазаров (Алкалоид) само победа е опција за продолжување на шансите за титулата, додека за тимот на Иван Чупиќ (Вардар) евентуален триумф ќе го зацврсти на првата позиција во однос на конкурентите. Ова особено што во следното коло „црвено-црните“ ќе имаат и гостување во Битола против првакот Еурофарм Пелистер. Почетокот на дуелот Алкалоид – Вардар е во 18:30 часот.
Попладнево се игра и натпреварот меѓу Бутел и Охрид со почеток во 17 часот.
Инаку, вчера во Кавадарци првакот Еурофарм Пелистер постигна висока победа над Тиквеш со 43:24.
Денеска се играат и два натпревара од плеј аут лигата: Е.Пелистер 2 – Пролет (почеток 16:30 часот) и Радовиш – Прилеп (почеток 18:30 часот).
Утре се игра дербито во оваа меѓу МРК Куманово и Струга (почеток 18 часот). мн/
Фото: МИА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: