Берокал: Задоволен сум од пристапот, играчите го исполнија тоа што го побарав од нив

Македонската кошаркарска репрезентација со победа над Луксембург (79:70) на домашен терен ги продолжи претквалификациите за Евробаскет 2029. Ова воедно беше прва стартна победа за новиот селектор на македонскиот национален тим Шпанецот Жозеп Марија Берокал.

– Победата е важна за почетокот на овој проект. Не смееме да заборавиме дека сме заедно само четири дена што не е лесно и за мене како тренер и за тимот. Имаше добри работи, како трчањето и одбраната. Но имавме и падови во играта што не смеат да ни се повторат. Сакам да играме добра одбрана, не е лесно да се игра 40 минути на тоа ниво, но тоа е нашата цел. Задоволен сум од пристапот на играчите бидејќи главно го исполнија она што го побарав од нив. Треба само да го зголемиме бројот на добри минути во играта, да ја движиме подобро топката и да играме како тим, а не индивидуално, изјави Берокал.

Македонската репрезентација е прва во групата со максимални три победи, а следниот натпревар го игра на гости против Азербејџан во Баку во понеделник на 2.март. Нашиот следен ривал синоќа постигна победа на гости против Република Ирска со 76:75 и е третопласиран во групата зад Луксембург, а пред Р.Ирска.

Фото: МИА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО